Од СВР Охрид информираат за два инциденти кои се случиле во текот на викендов.

Во Охрид, на улицата „Македонски просветители“, вчера, околу 18 часот, непознат сторител со закана извршил разбојништво над 40-годишна охриѓанка при што и одзел паричник  во кој имала 700 денари и лични документи.


Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски,  информира дека денес, во 4 часот, 22-годишно лице од струшкото село Мислешево, пријавило дека околу 02.30 часот, во кафе бар во село Мислешево бил физички нападнато од лице од Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

OhridNews