Клубот за боречки вештини „Хваранг Фист“ учествуваше со 9 натпреварувачи во сите конкуренции на осмиот турнир „Тирана Опен“, кој се одржа во Албанија. Добрата форма и квалитетното работење охридските борци ја потврдија со освојување на признанија и медали.

Во пионерска категорија браќата Ѓорѓи и Петар Петкоски се искачија на првите места во своите категории до 23 односно до 21 килограми. Јана Сандреска го освои второто место во пионерска конкуренција, додека Василија Јовчески се закити со златен медал во категорија јуниори до 63 килограми. Филип Јосифоски финишираше на второто место, а Христијан Деспотоски заврши на третото место. Добри борби, но без медал имаа Мартин Јанкулоски, Антонио Грујоски и Стојанче Томановски.

  • Натпреварувачите се покажаа во добро светло и покажаа дека сме подготвени за турнирот кој ќе се одржи на 1 јуни во Охрид. Ќе продолжиме да работиме во пеколен ритам и да бидеме максимално подготвени за добри престави пред нашата публика. – изјави тренерот на Хваранг Фист, Ацо Јосифоски.

OhridNews