Утре на градскиот плоштад, охриѓани ќе имаат можност заеднички да го проследат решавачкиот натпревар за историски пласман на Светско првенство помеѓу Македонија и Португалија.
Ве поканувам сите заедно од градскиот плоштад да испратиме поддршка до нашата репрезентација, напиша градоначалникот Кирил Пецаков на фесбук страната.
Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето утре во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас, кој оцени дека дуелот против Португалија за „црвено – жолтите“ ќе биде досега најтешкиот.
Искрено очекувам поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи мислам дека Португалија е индивидуално за нијанса поквалитетна од Италија. Би сакал да нè потценат, но мислам дека нема да го направат тоа, бидејќи знаат дека ова е финале и само 90 минути ги делат двете репрезентации од пласман на Светското првенство, додаде Елмас.
Натпреварот започнува во 20:45 часот.
OhridNews