Каратистите од клубот „Кун-су-то“ имаа повеќе од успешен настап на Меѓународниот турнир „Struga Open 2018“ кој се одржа изминатиов викенд во Струга освојувајќи 10 одличја и еден пехар за тимска работа.
Од 10-те медали три се со златен сјај, три имаат сребрен додека четири имат бронзен. Признанието за најдобра тимска работа го освои ката тимот родени 2009 година составен од Анастасија Смилевска, Козма и Дамјан Митрески.
- Многу сум задоволен од каратистите и нивната изведба. Овде нема да застанеме и продолжуваме во исто темпо до нови победи и стекнување на пријателства. – изјави тренерот Игор Смилевски.
Освојувачи на медали:
Анастасија Смилевска – златен медал во кати екипно и бронзен медал кати поединечно во 2009 година
Козма Митрески – златен медал во кати екипно
Дамјан Митрески – златен медал во кати екипно и бронза во кати поединечно во 2009 година
Мила Ангелоска – сребрен медал во кати поединечно во 2009 година
Матеа Грозданоска – сребрен медал во кати поединечно 2010 година
Климент Јанески – сребрен медал во кати поединечно 2010 година
Петар Трајчески – бронзен медал во категрија борби јуниори до 76 килограми
OhridNews