Културолошката иницијатива 5 до 12 – Охрид и кафе и бар Шила, синоќа огранизираа хуманитарен настан кој се приклучува на низата други настани и случувања од овој карактер во Охрид, со цел да се соберат доволно средства за да им се помогне на нашите сограѓани Тачо и Јана, кои се борат со тешка болест.
Многу охриѓани навратија во Шила да ја поддржат хуманата иницијатива и да донираат средства, а на настанот несебично се приклучија: 2 Mothers Brothers – кабаре шоу на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, бендовите Sparkles, HIGH 4, THE BACKDOOR BAND, Јован Куцин и Мет Фанк.
OhridNews