Уште еден одличен фудбалски турнир е зад нас. Охриѓани одиграа фантастично на традиционалниот фудбалскиот турнир „ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2019“ што по петти пат се одржува на СРЦ Билјанини извори во Охрид.

Во исклучително силна конкуренција „Белите“ со сите четири генрации играа полуфиналиња. На крај, генерација 2006 го освои златото, додека генерација 2008 и 2010 ги добија малите финалиња и освоија бронза. Одлични во малото финале беа и генерација 2007 кои играа нерешено со прилепска Победа која пак имаше повеќе среќа во изведувањето на пенали. Индивидуални признанија освоивме и со генерација 2006 каде имавме најдобар стрелец и голман и генерација 2010 каде имавме најдобар стрелец на турнирот.

Благодарност до екипите на Работнички, Победа, Неготино, Њу старс, Албион, Карев, Биџо Куманово, Велешта, Еден на еден и Спортефе кои беа дел од овој турнир, за нивнто коректно и спортско однесувања и што дадоа свој придонес да имаме одлична фудбалска недела во Охрид.

Посебна благодарност и до сите што го помогнаа одржувањето на овој турнир: Општина Охрид, Мобипетрол, Куба либре, Винчини, АБВ Дизајн и Вејк енд бејк. Благодарност до вработените на СРЦ Билјанини извори, тренерите, родителите и фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ и сите што беа вклучени во организација, судии, сликари, обезбедување и друга логистичка поддршка.

OhridNews