Граѓаните на Охрид сакаат нов, современ кеј. Ова го покажува онлајн анкетата што изминатиот период ја спроведе OhridNews за свои потреби.

Иаградбата на нов кеј беше желба и еден од најамбициозните проекти на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски. Премиерот Заев на трибината што се одржа во петокот во Охрид, навави дека меѓу приоритетите за Охрид во наредниот период е и целосната реконструкција на градскиот кеј, проект кој ќе се реализира со средства од ЕУ преку Светска банка, а дел и со пари од државниот буџет.

Дали овие најави ќе се остварат, останува да се види.

OhridNews

Нова анкета: Дали ќе излезете да гласате на предвремените локални избори за градоначалник на Охрид?
Гласај подолу.