Владата на 151 седница што се одржа вчера, ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изнајмување на 7 (седум) монтажни спортски лизгалишта во Република Северна Македонија и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да ги обезбеди потребните средства за реализација на проектот во висина од 14.000.000,00 денари, во рамките на сопствениот Буџет за 2019 година.

Со оваа одлука на Владата, им се препорачува на општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово да изберат и предложат до Агенцијата за млади и спорт локација како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште, најдоцна до 1.11.2019 година.

Инаку, во Охрид во 2014 година на плоштадот кај споменикот Св. Климент Охридски на иницијатива на општината беше монтирано лизгалиште. Тоа предизвика силни реакции на тогашната опозиција во советот која ја оспори законитоста на постапката, а случајот заврши на суд.

OhridNews