Сезоната на зимници е во полн ек. Некои ја прават, други купуваат готова, но едно е сигурно охриѓани без неа не можат.
Анкетата што за сопствени потреби изминатиот период ја спроведе OhridNews, покажува дека најголем број од граѓаните – 57%, приготвуваат зимница, 29% не прават зимница, а 15% купуваат готова.
Што се однесува до цените на намирниците за зимница, килограм пиперка – ајварка на пазарите во Охрид чини околу 35 денари, другите видови пиперки од 30-50 денари, морковот се продава за 30 – 50 денари за килограм, модриот патлиџан 30 ден., лукот 200 денари, карфиолот 40 денари…
Што се однесува до готовата зимница, тегла ајвар во малопродажба чини од 150 до 300 денари во зависност од грамажата и производителот, цената на индустриската лутеница 580 мл изнесува 149 денари, а тегла корнишони 720 мл 55 денари.
Г.М.
Нова анкета: Дали се почитува хоризонталната сигнализација и обележаните велосипедски патеки во Охрид?