Државната изборна комисија го започна едукативниот караван за претстојните Локални избори 2021. Караванот во првиот ден ги опфати градовите Охрид, Струга и Тетово. Главните пораки на овогодинешната кампања се насочени кон едукација на гласачите за нивните гласачки права.
На плоштадите во општините Охрид, Струга и Тетово беа поделени едукативни флаери на случајните минувачи за едукација за нивните гласачки права со точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место, информираат од ДИК.
Нагласуваат дека караванот на ДИК продолжува и во текот на наредните денови и дека истиот се реализира во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.
OhridNews