Граѓани на Охрид и гости вечерва го исполнија централниот плоштад Св. Климент Охридски каде со песна и забава беше дочекана Новата година. Организацијата во последен момент ја презедоа еснафот на угостители и Хотелелската асоцијација, откако општината претходно ги откажа сите свечености и манифестации за и околу новогодишните празници поради ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

За забавата на плоштадот се погрижија Ѓоко Танески, Жармена, Бетис бупс, Бекдор бенд и диџеј Петар. А точно на полноќ небото над Охрид го параа илјадници светлечки ракети и огномети од различни локации во градот.

Весела атмосфера владее и во кафетериите, рестораните и хотелите на охридската ривиера, кои за новогодишните празници се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од соседните земји.

OhridNews