По повод празникот Св. Климент Охридски, претпладнево пред споменикот на заштитникот на градот Охрид на централниот плоштад, делегации на локалната самоуправа, установи и институции, како и официјални гости, ќе положат свежо цвеќе. Веднаш потоа, ќе бидат врачени наградите за најдобрите поетски творби на ученичкиот литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.
Празникот го одбележува и Македонската православна црква, чиј заштитник е Св. Климент. По тој повод утрово (8.45ч.) во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, ќе има света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
OhridNews