Култната „Куба либре“ синоќа беше исполнета со хумани граѓани кои дојдоа да се забавуваат и да донираат за малата Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж во Германија. Операцијата чини 200.000 евра.

Тие донираа средства и лицитираа за дресовите на македонските репрезентативци во ракомет и фудбал: Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Горан Пандев, Стефан Ристовски и Елиф Елмаз.

Дресовите на спортистите ги обезбедија Борис Џутески и Катерина Стојаноска од РК Седмерец – Охрид. Тие изразија благодарност до репрезентативците кои несебично ги подарија националните дресови, а средствата од нивната продажба, како и донациите собрани изминатата вечер во „Куба либре“ ќе бидат предадени на семејството на Сара.

Хуманитарната забава во „Куба либре“, што се одржа под мотото „За Сара“, ја збогатија Dj Buce, Dj Crazy Slave, Петар Маркоски, Горан Папаз и Ѓоко Танески.

Претходно во “Куба либре” се одржа и детска хуманитарна забава со бројни изненадувања за најмладите.

OhridNews
Фото: 2S Studio