Охриѓани ќе можат да посетуваат бесплатни курсеви по англиски, албански и турски јазик. Пријавувањето е во тек, а истите се спроведуваат од страна на ОЈУ ,,Кузман Шапкарев” Охрид со подршка од буџетот на локалната самоуправа Општина Охрид.

Може да се пријави секој што е граѓанин на Охрид и што нема досега посетувано бесплатен курс во нашата институција. Пријавувањето е во пазаришната зграда на Охридски комуналец. За да се формира група потребно е да има пријавено најмалку пет кандидати. Пријавувањето за овие курсеви трае до 18 ноември, вели Марија Ораческа, директор на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Кузман Шапкарев-Охрид.

Ораческа додава дека курсевите се со времетраење од 60 часа. Начинот на организирање на спроведување на часовите го имаат професорките кои ги спроведуваат обуките

Од понеделник почнува курсот по германски јазик за кој веќе има формирано група. Курсот за основно ниво се наплаќа, додека второто ниво е бесплатно. Додека тие што биле бесплатно на првиот курс, на вториот плаќаат 50% од износот на цената. Во тек е оформувањето и на група за сметсководство и физикална терапија, додава Ораческа.

Н.С.Ј.