Граѓаните кои не се имаат попишано од кои било причини, во Охрид, ќе можат да ја завршат својата граѓанска и законска должност во седиште на Комисијата на пописен реон во општина Охрид во мала сала-ул. Димитар Влахов бр.57.

Државниот завод за статистика (ДЗС) од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат оваа законската должност.

Граѓаните кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт, од денеска ќе можат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, појасни Јасмина Ѓоргиева од ДЗС на прес – конференција. 

Заклучно до вчера до 12:00 часот во државава се попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

OhridNews