Со Одлука на Владата на Република Македонија, за Општина Охрид наменети се 6.451.013 денари за обештетување на граѓаните, чии домови имаа оштетување од серијата земјотреси минатата година.

Претходно општинската комисија изготви Елаборат за сите оштетени објекти, кој беше прифатен од страна на Советот на Општина Охрид. Со овој елаборат беа опфатени 802 објекти на физички и 60 објекти на правни лица.

Во наредниот период ќе биде изработено решение за распределба на финансиските средства, a целата постапка се очекува да заврши за 30 дена.

OhridNews