На натпревар во друмски велосипедизам „Трофеј Велес“, што се одржа денеска во Стоби кај Велес, охридскиот клуб „Шампион систем“ доминираше во категоријата велосипедисти под 13 години.
Марко Шаврески го освои првото место, Тија Кукунешоска беше втора, а Дамјан Бежаноски заврши трет.
Честитки до сите натпреварувачи за настапот и остварениот успех и огромна благодарност до градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и Секторот за спорт при Општина Охрид за поддршката. – истакнаа од Велосипедскиот клуб „„Шампион систем“ – Охрид.
OhridNews