На денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид и Службата за трансфузија-Охрид, се реализира во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија, во периодот од 9-13 ч., вкупно 27 хумани луѓе, крводарители, даруваа крв за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид.
Изразуваме благодарност до крводарителите и екипите кои ја реализираа и крводарителската акција, како и до медиумите. – стои во соопштението на ОО Црвен крст Охрид.
OhridNews