На денешната крводарителска акција, што во организација на Црвен крст Охрид, во партнерство со маркети Тамаро, се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, собрани се 36 единици крв.

Радува фактот што 5 крводарители на оваа акција за прва пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители, информира Црвениот крст.