Православните христијани денеска го празнуваат празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала богородица). По тој повод богослужба се одржа во Црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско.
Овој празник претставува и почеток на сите празници бидејќи се раѓа преблагословената владичица наша Богородица којашто претставува избран сат преку која во светот ни доаѓа нашиот спасител господ Исус Христос бидејќи преку неа милостивиот бог благо извори да прими човечко тело и на тој начин да поживее меѓу нас луѓето и самиот да знае точно што има во човекот бидејќи самиот Исус Христос ги има кажано тие зборови во евангелието. Затоа црквата вака празнично го празнува овој празник на божјата мајка. Во исто време овој празник е многу значаен затоа што претставува исполнување на многу старо заветни пророштва и почнува да се исполнува пророштвото на Исаија дека преку Богородица ќе се роди спасителот на светот и ќе го избави човештвото во светот и спаси од смртта. Мајката божја ги соединува небото и земјата а за тоа пророкувал патријарх Јаков, а во исто време таа претставува и заклучена врата преку која бог спасителот доаѓа да го спаси својот народ. Овој празник претставува празник на обновување на човекот и ослободување на прамајката Ева од клетвата едноставно се извршува и започнува извршувањето на спасението на човечкиот род, раскажува за значењето на празникот Отец Димче Азески
Отец Димче вели дека најдостоинствено празник како православни христијани се празнува на тој начин што ќе се посети црквата и ќе се присуствува на света богослужба. И утрената и вечерната богослужба беа посетени од верници во голем број.
Празникот започнува со вечерна богослужба на која што се пеат стихии во која се слави и прославува празникот и на тој начин се пренесува искрена благодарност и на бога и на мајката божја, а потоа празнувањето како круна завршува со светата тајна литургија – Евхаристија. Светата црква секогаш не повикува така да постапуваме и само на тој начин ќе го сфатиме значењето и суштината на празникот што го славиме. Преку светата богослужба ни се открива суштината и значењето и на тој начин претставува една училница на која учиме што е она што тој ден го празнуваме и славиме.
Во поглед на одржување на богослужбите во време на пандемија, Отец Димче вели дека се запазуваат мерките кои се пропишани, а црквата е секогаш отворена и службата секогаш се одвивала. Додава дека доколку сите се однесуваат свесно и совесно, ризикот е сведен на минимум.
K.A.