Фудбалерот на Охрид, Славе Маркоски се наоѓа пред сензационален трансфер во хрватскиот гигант, Динамо Загреб.
Маркоски кој е стандарден првотимец во Охрид и македонската селекција до 19 години веќе десеттина дена е на проба во вториот тим од хрватскиот клуб.
За сега е добро. Повеќе работиме со топка и играме натпревари, отколку што тренираме. Јас давам максимум на натпреварите и тренинзите, надевајќи се дека ќе ги исполнам критериумите на тренерите. – изјави за OhridNews, Славе Маркоски.
Маркоски во дресот на „рибарите“ во есенската полусезона во Втората лига одигра 13 натпревари, а наградата за констатните добри настапи доби со вклучувањето во идеалниот тим на полусезоната и повикот за У21 селекцијата.
Мх.П.