Дваесет и едногогодишниот Осман Намик од Охрид во пролетниот дел од првенството во Првата машка ракометна лига ќе ги брани боите на екипата на Аеродром, која со засилен состав ќе претендира за пласман во плејофот.

Осман Намик потекнува од ракометната школа на РК Охрид, на 17 години замина во Пролет, од каде се пресели во Турција во Селкаспор, каде настапуваше една сезона, по што се враќа во Македонија. По една година пауза поради повреда, скршеница на зглоб на рака, тој се враќа активно на ракометот, овој пат во редовите на прволигашот Аеродром од Скопје.

Покрај Осман Намик кој има суперлигашко искуство, Аеродром на полусезоната се засили уште и со Филип Талевски од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер и Енес Идризи од Работнички.

OhridNews