Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на четврто место финишираше на турнирот „Миљан Миљаниќ“, кој се одржа во соседна Србија.
Еден од најдобрите поединци во македонската селекција беше охриѓанецот Мартин Георгиевски. Охриѓанецот со одлична игра му возврати на селекторот Тони Јакимоски, кој му ја додели капитенската лента. Георгиевски стрелаше прецизно во пенал рулетот со Црна Гора во полуфиналето, а беше стрелец на почесниот погодок во поразот од Бугарија во малото финале.
Видеото од погодокот на Мартин Георгиевски можете да го погледнете на следниов линк, тука.
Следен предизвик за Георгиевски кој потекнува од охридската фудбалска школа „Фер Плеј“ и у17 селекцијата на Македонија ќе биде мини Светското првенство, кое ќе се одржи јуни месец во Италија.
OhridNews