Охриѓанецот Марјан Маркоски прогласен е за најдобар судија во македонскиот фудбал за 2018 година на гала церомонијата која традиоционална на крајот од секоја година ја организира Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Маркоски повеќе од една деценија е дел од македонската судиска елита и со успех го преставува Општинскиот фудбалски сојуз-Охрид и Судиската организација судејќи на мечевите во Првата и Втората лига и во Купот на Македонија.
За најдобар фудбалер во 2018 година избран е Бесарт Ибраими, додека најдобар македонски фудбалер во странство е Енис Барди. Наградата за најдобар тренер му припадна на Ќатип Османи. Маркоски не беше единствен охриѓанец кој се закити со награда. Младинецот Абдулхади Јахја со охридско потекло кој е дел од Вардар ја доби награда за најдобар стрелец во младинска конкуренција.
Добитници на наградите:
Најдобар фудбалер во Македонија: Бесарт Ибраими
Најдобар фудбалер во странство: Енис Барди
Најдобар тренер: Ќатип Османи
Најдобар млад фудбалер: Енис Фазлагиќ
Најдобра фудбалерка: Александра Ристовска
Најдобар стрелец во женска конкуренција: Улза Максутиж
Најдобар стрелец во машка младинска конкуренција: Абдулхади Јахја
Најдобар тренер: Илија Мандаров
Најперспективна фудбалерка: Јана Чубриноска
Награда за придонес во женскиот фудбал: Славе Велков
Фер плеј екипа: Шкендија
Посебен придонес за развој на репрезентативниот и националниот фудбал: Горан Пандев
Најдобар судија: Марјан Маркоски
Фудбалски работник на годината: Кирил Гогов
Најдобар футсал фудбалер: Дарко Ранготов
Најдобар тренер футсал: Марјан Стефановски
OhridNews