Охридскиот боксер Арсим Етеми од боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“, успеа да се пласира во полуфиналето на силниот Меѓународен турнир „Београдски победник“, што се одржува во салата „Ранко Жеравица” во Белград, победувајќи го словенечкиот противник Грегор Старашиниќ.

Во полуфиналето Арсим ќе ги вкрсти ракавиците со натурализираниот Русин во редовите на српската репрезентација, Владимир Мирончиков (бронзен на последното светско првенство) и ќе се бори за пласман во големото финале.

Арсим Етеми е единствениот боксер кој ја претставува македонската репрезентација во Белград во категоријата до 86 килограми, каде учествуваат боксери од 21 земја од светот.

OhridNews