Охридскиот боксер Арсим Етеми од боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“, како дел репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Белград, Република Србија, достојно ги бранеше националните бои во 1/16-финалниот двобој со Молдавецот Андреи Чириаков. За жал, по судиското прегласување победата му беше доделена на Молдавецот со резултат 3:2, информираат од БК „Алексо Огненовски“.
Арсим беше на дофат на победата, но во завршните моменти кога се одлучуваше победникот фалеше уште малку да „стисне на гаста“. Иаку многу поквалитетен и покомплетен боксер, Арсим заради недоволното искуство, слабиот фонд на мечеви, не успеа да го покаже сиот свој потенцијал, кој несомнено го поседува – истакнува неговиот тренер Владимир Цекиќ.
Охридските боксери во наредниот период ќе се подготвуваат за учеството на меѓународниот турнир “Златен гонг”, кој ќе се одржи во Македонија кон средината на месец ноември.
OhridNews