Охриѓанецот Дејан Ангеловски во 2021 година продолжи каде што застана во 2020 година, победувајќи на Планинарската трка „Chupino winter vertical“.
Целта на вертикалната трка е да се истрчаат 5 километри во помалку од 1 000 метри надморска височина. Ангеловски кој помина прв низ целта тоа го направи за 50 минути и 22 секунди.
Патеката беше исполнета со многу снег, особено во вториот и третиот километар каде што невозможно беше да се трча. Сепак, јас собрав сили и успеав да ги надминам предизвиците. – изјави Ангеловски.
Охриѓанецот минатата година заврши како второпласиран, а годинава се искачи на првото место од пиедесталот, со подобро време за цели 2 минути.
Во машка конкуренција на втората позиција заврши Александар Кирковски (51 минути и 36 секунди), а третопласиран финишираше Михаел ван Бален (52 минути). Кај дамите, триумфираше Елена Ртоска (1 час, 4 минути и 55 секунди), а во топ 3 завршија Сања Најдовски (1, 05, 44) односно Јорданка Петрушевска (1, 10, 07).
OhridNews