Македонската репрезентација во скајранинг – екстремна форма на планинско трчање, настапи на седмото светско првенство кое се одржа викендот на Алпите во Италија и го освои 20. место.

Седуммината македонски алпинисти освоија вкупно 136 бодови. За издвојување се одличните резултати на Елена Ртоска (20 место ВК, 22 место скај-класик) и охриѓанецот Дејан Ангеловски (22 место ВК), а успешни настапи и пласман во бодови имаа сите останати наши претставници: Никола Илиевски, Вера Урдаревска, Ивана Пекевска, Антонио Каранфилоски и Александар Кирковски.

Нов светски шампион е домаќинот Италија со освоени 908 бодови, пред второпласираната Шпанија и третопласираната Јапонија.

На првенството учествуваа 35 национални тимови, со вкупна бројка од над 300 спортисти распоредени во три дициплини: вертикален километар (искачување на 1000 метри денивелација), скај-класик (29 километри со 2200 висински метри) и скај-ултра (58 километри со 3500 висински метри).

OhridNews