Охриѓанецот Дејан Ангелоски продолжи со жетвата на одличја од Планинските трки кои се организираат во нашата земја. Ангелоски на „Чупино Треил“ на планината Плачковица се закити со сребрен медал и признание за најдобар македонски натпреварувач. Тој успеа да го повтори ланскиот успех, кога исто така заврши на второто место.
Пред охриѓанецот на целта помина учесникот од Белгија, Мичел ван Белен кој вертикалната делница ја помина за 50 минути и 54 секунди. Ангелоски заостана нецела минута, што беше доволно за второ место на пиедесталот. Третопласиран заврши Александар Кирковски. Во машката трка вкупно учествуваа 66 натпреварувачи.
Ангелоски минатата 2019 година, триумфираше на Krali Marko Trails 2019 и беше најдобар македонски натпреварувач во младинска конкуренција на „Titov Vrv Sky Race“.
Во женска конкуренција на Планинаската трка Чупино Треил триумфираше Сања Најдовски. Таа заврши пред Елена Ртоска односно Марија Пеликон.
OhridNews