Охриѓанецот Дејан Ангелоски го освои сребрениот медал на Планинарската трка „Чупино Треил“, која се одржа изминатиов викенд на „Плачковица“.
Ангелоски на пиедесталот се искачи во „Бумбарската“ трка долга 16 километри на која стартуваа дури 103 учесници. Охриѓанецот делницата од 16 километри ја мина за 4 часа, 17 минути и 28 секунди. Првопласиран беше Мирослав Спасов со време (1.13.00), а трет финишираше Игор Јакимовски со време (1.20.55).
На 16-километарската трка во женска конкуренција триумфираше Марија Пеликон со време 1 час, 41 минута и 57 секунди а после неа следуваа Брук Филиповски и Талија Петреска.
На главната трка на 40 километри кај машките победи Ивајло Атанасов пред Марјан Бонев и Дејан Тодевски а кај девојките најбрза беше Сања Најдовски пред Ивана Јовановска односно Катерина Николовска.
OhridNews