Претстојниот викенд на Пиринеите во Андора се одржува Младинско светско првенство во скајранинг. Македонија на првенството ќе ја претставува охриѓанецот од Шипокно и член на АК „Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски, информираат од клубот.

Дејан ќе се натпреварува во категорија до 23 години. Настапот на Дејан е во недела сабајле, му посакуваме среќен пат, многу успех, лесни нозе и секако да ужива во освојувањето на височините на Пиринеите. Напред Дејан, напред Македонија!- велат од АК „Охрид трчаТ“.

На првенството ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории.

OhridNews