Охриѓанецот Дејан Ангелоски се искачи на највисокото место на тронот триумфирајќи на 36-километарската делница од Планинарска трка „Krali Marko Trails 2019“.
Ангелоски, кој е член на Атлетскиот клуб Охрид прв низ целта мина со време 4 часа, 3 минути и 24 секунди. Во просек Ангелоски се движел со 8,38 километри на час. Второпласиран финишираше Никола Илиевски со време 4 часа, 5 минути и 43 секунди а трет заврши Александар Еленин со време 4, 8, 54. Во женска конкуренција на 36 километарска трка прва стигна Елена Ртоска (5,14,56), а после неа следуваа Шарлот Ејкелбум од Холандија и Еирда Куршумлија од Косово.
Охридскиот атлетичар на почетокот од овој месец на Чупино треил заврши на втората позиција, а на планинарска трка „Krali Marko Trails 2019“ отиде еден чекор понапред што ја покажува неговата подготвеност.
Во рамките од „Krali Marko Trails 2019“ се одржаа планинарски трки на 16 и 67 километри.
OhridNews