Уште еден исклучителен успех на охридскиот сестран спортист Дејан Ангелоски. На полумаратонот што денеска се одржа во Дубровник, Република Хрватска, членот на АК „Охрид Трчат“ го освои извонредното трето место.

Дејан патеката од 21 километар ја претрча за 1.19.27 ч. и заврши веднаш зад победникот Алија Имамовиќ од БиХ и домашниот атлетичар Анте Живковиќ од Дубровник, кој беше втор.

На полумаратонот во Дубровник учествуваа 1100 натпреварувачи од 42 држави.

АК „Охрид Трчат“ на атлетскиот викенд во Дубровник учествуваше со 70 учесници, Покрај на полумаратонот тие се натпреваруваа и на 5к трката и детската трка.


На посебен штанд беше промовиран и атлетскиот викенд „Охрид Трчат“ кој оваа година ќе се одржи од 3 до 5 јуни.

OhridNews