Охриѓанецот Дејан Ангелоски се закити со златниот медал од првото издание на Титов Врв Скај Рејс (Titov Vrv Sky Race) победувајќи во младинска конкуренција.

Ангелоски кој е член на Атлетскиот клуб Охрид делницата од 20 километри ја помина за 2 часа и 59 минути, што беше доволно за прво место помеѓу младинците односно шесто во генералниот пласман на најквалитетните домашни планинаски тркачи.

Титов Врв Скај Рејс (Titov Vrv Sky Race) е трка во планинско трчање каде  поголемиот дел од трката се одвива на над 2000 метри надморска височина и ова претставува прво официјално државно првенство во „Skyrunning“ во нашата земја.

Со триумфот во младинска конкуренција и добриот пласман помеѓу сениорите Ангелоски го заокружи успешниот викенд на охридските атлетичари кои се пласираа на третото место во севкупниот пласман во Купот на Македонија.

OhridNews