Oхриѓанецот од Шипокно и член на АК „Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски, 19-ти во светот во категорија до 23 години на Младинско светско првенство во скајранинг на Пиринеите во Андора.

Ангелоски настапи на популарниот скајрејс во должина од 19 километри и 1450D+ во категоријата до 23 години, патеката ја мина за 2 часа и 11 минути пласирајќи се на 19-то место, информираат од АК „Охрид трчаТ”.

На првенството учествуваа 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории.

OhridNews