Охриѓанецот Дарко Размоски кој настапува за струмичка Беласица се закити со признанието за погодок на сезоната во есенската полусезона од Првата македонска фудбалска лига, во изборот на интернет порталот „Екипа.мк“.

Размоски со удар „ала Тиери Анри“ ја погоди мрежата на репрезентативниот голман Ристе Јанков на дуелот со Работнички, кој заврши без победник 2-2.

„Екипа.мк“ покрај голот на сезоната одбра идеален тим во кој место има за фудбалерот од Струга Трим Лум, Клинсман Цаке. Фудбалер кој ја одбележа полусезоната е голгетерот на Шкупи Дембо Дарбо, а, најдобар тренер во првата етапа е кормиларот на Македонија Ѓорче Петров, Жикица Тасевски.

OhridNews