Младиот кошаркарски талент од Охрид Петар Бошалески, кој е дел од КК Работнички Скопје, се радува на титулата во националниот шампионат за играчи до 18 години.

До титулата Бошалески и другарите од Работнички стигнаа со победа над вечниот ривал МЗТ Скопје. Бошалески беше најдобар стрелец во првенството, како и во финалето, а пехарот на шутерот број 1 му го врачи првиот човек на КФМ Перо Антиќ.

Младите кошаркари на Работнички сезонава беа импресивни остварувајќи 25 победи во исто толку натпревари, a Бошалески беше вистински лидер на паркетот со извонредни бројки зад своето име и ќе беше повеќе од заслужено да ја понесе и наградата за најкорисен играч на првенството.

Бошалески четири сезони е дел од Работнички а неговиот талент и потенцијал допрва се очекува да дојдат до израз.

Г.М.