Вториот тим на Работнички го совлада Дино Баскет во Кочани 80:87 и обезбеди пласман во финалната серија од Третата лига. Со оваа победа Работнички 2018 обезбеди пласман во Втората лига.
Играч на натпреварот беше младинскиот репрезентативец, охриѓанецот Петар Бошалески кој постигна 28 поени.
Мечот кој се одигра пред полна сала мина во жешка, на моменти тензична атмосфера, а гостите салата во Кочани ја напуштија со полициска придружба.
Младите играчи на Работнички 2018 родени 2003/04/05, без пораз во Третата лига обезбедија пласман во повисок ранг.
OhridNews