Боријан Борозанов е нов управител на компанијата Џонсон Мети во земјава, почнувајќи од март годинава.

Јас сум исклучително возбуден што сум дел од визијата на Џонсон Мети за почист и поздрав свет. Живееме во предизвикувачки времиња што влијаат на сите ширум светот. Џонсон Мети, глобален лидер во одржливи технологии, е во првите редови на сите големи мега трендови и активностите на компанијата се во срцето на решенијата што помагаат во обезбедување на почист воздух и овозможуваат иднина со помалку јаглерод во воздухот. Фабриката на Џонсон Мети во Македонија е еден од најважните столбови на глобалната стратегија на Џонсон Мети – горди сме што отприлика едно од 3 нови возила во светот имаат дел произведен од наши раце и горди сме што обезбедуваме почист воздух за сите, денес и за идните генерации. – вели новиот управител на компанијата, Борозанов.

Боријан Борозанов е нов управител на компанијата Џонсон Мети во С. Македонија

Борозанов, кој е роден во Охрид, има повеќе од дваесетгодишно искуство во меѓународен менаџмент и лидерски позиции во Европа, САД и С. Македонија, вклучително и во автомобилската индустрија. Тој доаѓа од компанијата Аптив Сервисес Македонија, каде од 2016 година работел како генерален директор/управител. Како раководител на Одделот за услуги на инвеститори во Invest Macedonia во периодот меѓу 2007 и 2012 година, Боријан ја помогнал реализацијата на 12 инвестиции со вредност од над 100 милиони американски долари и отворени се нови 2500 работни места во автомобилскиот ланец на снабдување во С. Македонија.

Боријан е дипломиран инженер архитект, со MBA во глобален менаџмент од „Тандербрд“ школата за глобален менаџмент во Феникс, Аризона САД како „Фулбрајт“ стипендист, а во моментов ја изучува програмата за предводење претпријатија на школата за менаџмент „Келог“ во Еванстон, Илиноис САД, како „Зафировски“ стипендист.

Британската компанија Џонсон Мети работи во над 30 земји и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети.

OhridNews