Охриѓанецот Бобан Наумоски креирашe уникатна онлајн фитнес и боди билдинг апликација. „Naumoski.fit“ е круна на неговиот децениски ангажман во фитнесот и боди билдингот.
Онлајн апликацијата е модифициирана верзија од она што го работам од 2017 година. Со фитнес и боди билдингот како натпреварувач се сретнав во 2007 година, тренирав од 2004, а како тренер стартував во 2017 година. Ми требаше долг период од едукација во сите полиња и затоа не се одлучив порано направам ваков чекор. Апликацијата е достапна во целиот свет, а веќе можам да се пофалам со клиенти од Канада, САД, Германија и Австралија, – ни откри Наумоски.
Зад се што има во апликацијата стои Наумоски и токму тоа ја прави различна од другите. Онлајн апликацијата има три опции. Првата е исхрана (39 долари), втората е вежбање (39 долари), а третата е заедно комбинирана (69 долари).
На сите барања од клиентите одговарам јас и стојам зад секоја моја изработена програма. Нема алгоритми, групни исхрани или групни програми за вежбање, – изјави Наумоски.
Од рано наутро па се до вечер и терминот за легнување е важен за онлајн апликацијата. Јас како тренер треба да знам се за клиентот, бидејќи така ги планирам тренинзите и начинот на исхрана. Исто треба да ја знам желбата на клиентот. Се зема мерка на телото пред почетокот и после циклусот и ги споредуваме резултатите, – додаде Наумоски.
Нашиот соговорник истакна дека дисциплината и најважниот сегмент во успехот.
Мотивација нема да имаш секој ден, но дисциплината ќе биде таа која ќе те води. Секако, треба добар и добро поддучен тренер кој ќе знае да процени кога ти треба помош, дополнителна мотивација на тренинзите и совети за правилна исхрана, – рече Наумоски.
Наумоски има педесеттина клиенти од нашиот град, а најдобра реклама за еден фитнес инструктор е успехот на клиентот, кој ќе го трансформира своето тело и ќе го подобри начинот на живот.
Мх.П.