Повеќе од 350 дресови брои колекцијата на охриѓанецот Антонио Савевски, кошаркарски тренер, кој години наназад е колекционер на дресови. Моментално се вбројува во колекционер на најголемата колекција на кошаркарски дресови во Македонија и пошироко.
Навраќајки се на почетоците, Антонио ќе рече дека желбата и мотивацијата за собирање на голема колекција каква што поседува не дошла одеднаш. Почнал спонтано со неколку дресови од неговите омилени играчи и тимови.
Првиот дрес кој го купив беше од мојот омилен играч во НБА лигата Кевин Гарнет. Тоа беше неговата последна сезона во НБА лигата 2015-2016 година. После пауза од 2 години почнав да нарачувам по два дреса наеднаш. Кога стигнав до бројка од 15-тина дресови во местото каде што ги чував изгледаа прекрасно па дојдов до идеа да нарачам полека од сите тимови во НБА кои моментално настапуваат. Така започна се…, вели Антонио за OhridNews.
Охриѓанецот Антонио Савевски колекционер на повеќе од 350 кошаркарски дресови
По собирањето на дресовите од НБА лигата односно од сите клубови, почнала и комуникацијата со повеќе тренери и играчи во Македонската лига, зголемувајќи ја се повеќе колекцијата со дресови од сите клубови и играчи кои ги познавал.
Моменталната бројка која ја имам во колекцијата е околу 350 дресови и повеќе. Поседувам клубски и интернационални дресови од повеќе клубови и држави. За секој дрес водам евиденција од кој/а играч е и кога е натпреварувано во тој дрес и која лига. Имам посебно место каде што ги чувам и се грижам за нив само јас. Во колекцијата се вброени и дресови од тимови кои моментално нажалост не постојат повеќе на пример како женскиот кошаркарски клуб од Охрид Про Фитнес, Никол Ферт Гостивар, Југопластика, Жито Вардар Велес.., додава Антонио.
Во процес на изработка е и документарец за неговата колекција кој се надева дека ќе се заврши наскоро. По завршувањето на проектот за документарецот поточно следното лето, вели, планира да направи отворена изложба на која секој ќе можи да присуствува и да ги види дресовите.
Мојата колекција секој кој сака да ја види можи тоа да го направи на инстаграм профилот @kingdom_of_jerseys_mkd кој е направен специјално за дресовите, додава Антонио.
OhridNews