Охриѓанецот Александар Петрески со нова инструментална композиција „Calmness Part II“, инспирирана од како што вели мирнотијата на Охридското Езеро.

”Мојата љубов кон Охрид е бескрајна. Секогаш кога сум таму се чувствувам комплетен, исполнет и инспириран… Ова е комплетно нова композиција, инсиприрана од мирнотијата и убавината на Oхридското Eзеро, но со ист шмек и чувства како композицијата „Calmness“, која ја напишав минатото лето. Затоа ја нареков „Calmness Part II“, вели Петрески.

Воедно порачува да ја шириме позитивната енергија, која ни ја дава ова магично место, убавината и мирнотијата на Охрид и Охридското Езеро.

OhridNews