Охриѓанецот Александар Јосифовски кој е дел од шоуто „Звезде Гранда“ и стигна до петтиот круг чие снимање е закажано за јануари 2021 година, деновиве сними дует и спот со Ивана Карајан од Скопје, чија премиера е закажана за овој четврток, 12 ноември, во 19:00 часот на социјалните мрежи.
Случувањата и приказната во спотот во режија на Кристијан Љушев- Шпанец Продукција ќе допрат до вас на различен начин, останува на вас гледајќи да го доживеете сето тоа. Средбата со Ивана и Кристијан ни донесе едно заедничко патување во сферата на музиката и видеото за да се добие една прекрасна композиција која ја реализиравме на наш начин, и се надеваме ќе ви се допадне. – изјави за OhridNews Александар Јосифовски.