Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсикување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Охрид.
При преглед извршен на 09.11.2020 година, кај него пронајдена е фалсификувана возачка дозвола по што, по извршени проверки, констатирано е дека истиот воопшто не поседувал возачки документи. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ како и против 62-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,прикривање”.
Во периодот од 23.09.2019 до 02.02.2020 година, првопријавениот на улиците ,,Железничка“, ,,АСНОМ“, ,,Галичица“, ,,Даме Груев“, ,,Богомилска“ и на други локации во Охрид, со физичка сила влегувал во објекти и одземал различни предмети, додека второпријавениот по многу ниска цена, ги купувал предметите, иако знаел дека потекнуваат од кривични дела. – соопшти Димовски.
OhridNews