Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот го извршил делото на 16.11.2017 година при средба со 52-годишен охриѓанец со привремено престојувалиште во Германија. Пријавениот го довел во заблуда оштетениот, ветувајќи му дека може да му изгради куќа во Германија. Притоа, со писмена изјава, тој примил 5.000 евра капар, а по извесно време и дополнителна сума на пари. Минатиот месец, кога оштетениот се вратил во Охрид се обидел да се сретне со сега пријавениот, по што сфатил дека е измамен.

Со извршувањето на делото, пријавениот се стекнал со  противправна имотна корист од 1.230.000 денари.

OhridNews