Вчера околу 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 33-годишно лице врз 23 – годишен сограѓанин.
Напаѓачот иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патничко возило по бул.„Туристичка“, со кое го блокирал патот на нападнатиот, по што физички го нападнал. – информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.
OhridNews