76-годишен жител на Охрид, вчера во полицијата пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари.
Според пријавеното, околу 15.00 часот лицето му се јавило на неговиот мобилен телефон и му соопштило дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, според пријавеното, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари. – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, додава портпаролот Димовски. Тој посочува дека во Охридскиот регион ова е прв ваков случај на изнама зарадси наводнба сообраќајна незгода. Но вакви случаи изминатиот период имаше во други општини, поради што полицијата предупредува на внимателност.
Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица. – истакнува Димовски.
OhridNews