Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  дека „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на Охрид.

При  контрола  извршена во апри, констатирано е дека пријавениот, иако не бил регистриран станоиздавач, им издал стан на двајца странски државјани за кои не пријавил престојувалиште и со кршење на безбедносните протоколи постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19. – соопшти СВР Охрид.

OhridNews