Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 08.04 до 07 часот на 09.04.2020 година, две лица, едно од Охрид и едно од Струга, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.

  • Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот, при извршена контрола на булеварот „Туристичка“ во Охрид, затекнато е 27-годишно лице од струшкото село Велешта кое извршило злоупотреба на добиената дозвола за движење, со важност само за атарот на селото. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава. На 08.04.2020 година, околу 18 часот, во полициската станица во Струга, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир, со карање и оштетување на предмети, извршено на улицата „Елпида Караманди“ во Струга. Приведен е нарушителот, 25-годишно лице од Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 26 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 29 нови лица во самоизолација, (Охрид-2, Струга-19, Дебар-8) и извршени се 262 врз овие лица ( Охрид-3, Струга-188, Кичево-3 и Дебар-68).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 627 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 326, Струга- 301) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 56 контроли на угостителски објекти.

OhridNews