Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна.
Изминатово деноноќие, во периодот од 07 часот на 09.04 до 07 часот на 10.04.2020 година, две лица (Охрид-1, Струга-1) не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
- На 09.04.2020 година во 17 часот и 20 минути, кај местото „Мороишки мост“, општина Струга, извршена е контрола врз 28-годишно лице од струшкото село Велешта, кој ја прекршил забраната за движење. При обид за негово приведување, тој физички ги нападнал полициските службеници. Истиот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сторени кривични дела, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 25 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-8 и Кичево-3). Евидентирани се 5 нови лица во самоизолација, (Охрид-2, Струга-1, Дебар-2) и извршени се 112 контроли врз овие лица ( Охрид-7, Струга-27, Кичево-3 и Дебар-75).
На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 593 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 293, Струга- 300) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Полициските службеници извршија 114 контроли на угостителски објекти.
OhridNews